
|
 |
Забава / Showbiz
Мадона ги демантираше гласините дека се разведува
Кралицата на поп музиката Мадона во изјава за списанието „Пипл“ деновиве ги демантираше гласините дека се разведува од режисерот Гај Ричи.
Минатата недела таблоидите пишуваа дека пејачката е во врска со американскиот безбол играч Алекс Родригез и веќе изнајмила адвокат за разводот.
- Мојот сопруг и јас немаме планови за развод. Точно е дека бев со децата на натпревар на Јенките, но немам љубовна врска со нивниот играч Родригез и немам влијание на неговиот брак, бидејќи се слушнаа гласини дека и тој ќе се разведува, изјави Мадона.
 Родригез со сопругата
Таа додаде дека во текот на годините научила да не ги сфаќа трачевите сериозно.
Мадона (49) и Гај Ричи (39) го имаат осумгодишниот син Роко. Од минатиот брак со актерот и танчер Карлос Леон пејачката ја има и ќерката Лурд. Во 2006 година двојката го посвои малиот Дејвид Бенд од Малавија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|