среда, 09.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Забава / Showbiz

Англичаните ги заземаа најдобрите места na Егзит

„Егзит кампот“ во Универзитетскиот парк во Нови Сад, место на кое најголем број странци, посетители на фестивалот на современата музика ќе бидат сместени, во понеделникот ги прими првите гости, повеќето Англичани. Веднаш по отварањето, група од околу 200 кампери завземаа места во „најдебелата ладовина“ во единствената шаторска населба на самиот брег на Дунав. Овен Гич, студент од Лондон, во понеделникот меѓу првите го намести шаторот во кој ќе престојува до самиот крај не само на фестивалот „Егзит“, кој ќе трае од 10 до 13 јули, туку додека не се затвори кампот на 16 јули во 16 часот. 

- Моите пријатели од Лондон ми рекоа дека „Егзит“ е најдобар фестивал на кој биле досега, па морав да дојдам и лично да се уверам дали навистина е толку добар. Кампот е фантастичен, така што нема фестивал во Европа кој се одржува на толку интересно место. Подобро е и од Гластенбери, бидејќи не врне здодевен дожд, вели Гич, кој прв пат е во Србија на фестивал.

Неговиот сонародник Лук Тарнер, од родното место на „Битлси“ - Ливерпул, вели дека за фестивалот дознал во британските весници.

- Многу пријатели ми го препорачаа „Егзит“ и рекоа дека едноставно морам да дојдам и да го видам тоа чудо, ни вели Тарнер. - Дојдов и да слушнам добра музика, иако многу од групите веќе сум ги гледал во живо. Во ваква атмосфера концертот ќе звучи и изгледа целосно поинаку, па и доживувањето ќе биде ново искуство. Сите ми велат дека атмосферата е неверојатно добра и позитивна и сите групи поради тоа сакаат да се претстават во најдобро светло.

Двајцата другари на рецепција својот ваучер за престој во кампот го добија заменувајќи го за нараквица-влезница за следните десет дена. На располагање имаат тоалет кабини, тушеви со топла вода и монтажни мијалници. За сите посетители на кампот, „Егзит“ обезбеди бесплатен Интернет во Интернет кафулето „Егзит би позитив“.

Во кампот може да се набави и сета опрема - шатори, вреќи за спиење, столици и столици на склопување, батериски лампи, ранци и торби... Тука е и средената песочна плажа на Дунав.

- Кампувањето чини 1.690 динари, без оглед на тоа дали гостите престојуваат еден ден или сите десет дена, а во цената се вклучени сместувањето, тушевите со топла вода, тоалетите, помош околу местењето на шаторите... но и неподеленото внимание на сите вработени - вели Светозар Миличевиќ од „Егзит камот“.

- Посетителите имаат на располагање и „Фуд ленд“, каде по пристапни цени може да се набави храна и пијалак. Минатата година во паркот пред Филозофскиот факултет шатори поставија 11.000 гости, а организаторите сега очекуваат уште поголем број на гости. До сега се резервирани 6.500 места.

Клер Јанг, продавачка на козметика од Ливерпул, вели дека покрај познатите музичари кои „безброј“ пати имала прилика да ги слушне, на Петроварадинската тврдина, ќе ги слуша српските групи.

- Малку ќе истражувам и ќе се обидам да пронајдам некои интересни групи. Посебно ме интересираат групите кои свират „ворлд мјузик“, но сакам да ги видам и вашите ди-џеи. Сакам да запознам и поинаков ритам и знам дека Балканот има многу добри понуди.

(Вечерње Новости - Белград)




Наjновo од Забава
Англичаните ги заземаа најдобрите места na Егзит
Со полиција ја избркала зборлеста сосетка
Топ 10 најлоши стихови
Најнепосакувани туристи
Борба за континенти
Новата опасна зависност на Вајнхаус
Судска наредба за откажување од шеесет мачки
Ричи, Лохан и Спирс на гости кај Хилтон
„Ареа“ ќе го отвори концертот на Кравиц
Метју МекКонагхи стана татко
Џад Лоу има 15 години помлада девојка
Никол Кидман роди девојче
Борат наметна ужасен светски моден тренд?
Видео клип
Свирачи ли се, свирачи...
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Diners
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи