
|
 |
Забава / Showbiz
Сакав да ме киднапираат
Пејачката Мараја Кери се уште е во фазата „меден месец“’. Откако во април годинава се омажи за 27-годишниот рапер Ник Канон, очигледно на пејачката и тргана и на приватното и на професионалното поле.
„Многумина ќе речат, Ма дај! Такви работи не се случуваат во реалниот живот. Кога бев во несреќниот период од мојот живот, едноставно посакував да ме киднапираат. Сакав да се извлечам од тој период, но не знаев како“, изјави Мараја Кери за августовското издание на магазинот „Elle“

Во интервјуто, Кери признава дека во нејзиното минато имало повеќе добри отколку лоши моменти, но тие неколку лоши периоди биле навистина ужасни, и постојано била во центарот на интересот на медиумите ширум светот.
Нејзиниот брак со магнатот Томи Мотола, со кого се омажи кога имаше само 23 години беше особено комплициран, започна со 10-милионска куќа во Бедфорд, а заврши со ужасен развод. Во 2001 година пејачката доживеа нервен слом, по кој самата се пријави во рехабилитационен центар поради „преголема истоштеност“.
Десет години по разводот со Мотола, Кери го среќава сегашниот сопруг, за кого вели дека е вистински спасител.
„На еден начин ме киднапираше и ме однесе да ме повози со хеликоптер. Тогаш ме запроси“.
Канон ја запроси на покривот на домот на Кери во Менхетан, каде двојката имала романтична вечера. Прстенот, како што раскажува Кери, бил скриен во едно од колачињата.
„Ме нарекуваа Пепелашка. Кога си Пепелашка тогаш целата врска се обидуваш да се одвива тивко. Не сакавме да се ’забавуваме’, знаете што сакам да кажам? Ако се забавувате, тогаш не може да се одвива тивко и незабележано. Мислам дека не сакавме на луѓето да им дадеме шанса да зборуваат од типот, Што правиш?, Што зборуваш? Тоа е прерано... дали си сигурна?“, раскажува Мараја Кери.
Талентот и славата си имаат и своја цена, но за некој кој долго време бил мета на таблоидите, Кери вели дека самата си се воодушевува колку веќе не се нервира и не ги сфаќа сериозно информациите кои се пласираат за неа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|