
|
 |
Забава / Showbiz
Ни јас не би се трпел себе си
Најпосакуваниот ерген Џорџ Клуни вели дека не планира да се смири и да оформи семејство.
„Не верувам дека некогаш ќе се оженам или дека ќе имам деца. Никогаш не сум дома, а поради тоа, секоја жена, порано или подоцна го губи трпението. Да сум на нивно место, не би имал трпение за некој како мене“, изјавил Клуни.
Актерот, кој е на вратата на петата деценија од животот, сепак се прашува дали остатокот од животот ќе биде во врски, кои најмногу траат три години. Според Клуни, негов најголем проблем е тоа што постојано потпишува нови договори за филмови и така постојано е во магичниот круг, поради што не може вистински да се посвети на некоја врска.
Сепак, Клуни вели дека не жали за ништо, бидејќи си ја сака работата и се што таа со себе носи.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|