
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Требаше повеќе да шетам гола
Џенифер Лав Хјуит не се плаши што ќе наполни 30 години, но доколку би можела да го врати часовникот наназад, тогаш постојано би шетала гола и би го покажувала своето тело.
„Требаше повеќе да се разголувам и да шетам гола, барем до 28-та година. Требаше да ја слушам мајка ми и баба ми кога имав 18 години и кога се жалев дека имам стомаче или кога се чувствував потечена. Тогаш ги отфрлав нивните совети и велев, нема шанси, дебела сум. Сега е доцна“, вели Лав Хјуит, која е свршена со шкотскиот актер Рок МекКол.
Откако минатата година папараците ја фатија во бикини, Хјуит се најде на метата на неколку интернет сајтови кои ја критикуваа дека не внимава на својата тежина.
„Сакам да им кажам на младите девојки дека секогаш кога можат треба да носат бикини, да не се оптоваруваат со нивното тело. Млади се и телото се уште им изгледа добро. Кога ќе наполнат дваесетина години, еден ден хамбургерот што ќе го јадат ќе почне да им се познава и на нозете“, се смее Хјуит.
Актерката вели дека со нетрпение го очекува нејзиниот 30-ти роденден, кој ќе го прослави во февруари.
„Многу сум возбудена. Тоа се годините од моите сништа. Уште кога бев 12 години, сакав да сум 30“, вели Лав Хјуит.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|