
|
 |
Забава / Showbiz
Кејт и Овен по трет пат?
Актерката Кејт Хадсон по се изгледа остана без избор за момче, па по авантурата со велосипедистот Ленс Армстронг по трет пат сака да се смири со поранешното момче Овен Вилсон.
 Извор близок до актерката тврди дека Кејт веќе со денови му се јавува на Овен, кој се уште не е спремен да и ја прости врската со неговиот добар пријател Ленс.
Овен очигледно има проблеми со својот пријател, ако се земе предвид дека неговата некогашна девојка Шерил Кроу пред неколку години исто така го остави поради велосипедистот.
Кејт и Овен се запознаа во 2006 година. Романсата веднаш се распламти. Откако првиот пат Кејт му раскина, Овен се обиде да се самоубие. После речиси една година двојката се смири, а веднаш потоа се проширија информации дека планираат да се венчаат.
 Шпекулациите за свадбата, траеја кратко бидејќи Кејт го остави поради Ленс. Очигледно дека Овен не е подготвен по трет пат да ризикува со неодлучната Кејт.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|