Забава / Showbiz
Рики Мартин стана самохран татко

Латино пејачот Рики Мартин стана татко на близнаци, родени од сурогат мајка, потврди портпаролот на музичката ѕвезда.
„Неодамна Рики Мартин стана горд татко на два близнака. Децата се родени од сурогат мајка, тие се здрави и прави и веќе се со Рики, кој им дава целосна нега. Рики започнува едно ново поглавје од неговиот живот. Една година ќе се повлече од очите на јавноста за да им се посвети на двата тукушто родени сина“, соопшти портпаролот на Мартин.
Се уште не се знаат имињата на момчињата, ниту пак каде се родени.
Во последните неколку години 36-годишниот пејач стана еден од главните поборници за заштита на правата на децата и активно се вклучи во борбата против нивната сексуална експлатација.
|