четврток, 21.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Забава / Showbiz

Бајка среде пустина

Фолк пејачката Јасмина Мукаетова (26) се омажи за нашинецот Трајче Ристевски (33), кој седум години живее и работи во САД и има компанија за камиони. Двојката која е во врска од лани, минатиот викенд се венчаше во капелата на цвеќето во Лас Вегас.

- Кога стасавме во градот се сместивме во гламурозниот хотел "Луксор" и отидовме на вечера. За време на вечерата Трајче го извади прстенот и ме праша дали сакам да му бидам жена. Се изнанадив, малку молчев а потоа се насмеав и нормално реков - да.

Лас Вегас е познат по венчавки, па затоа и немаше проблем да ја организираме венчавката, вели Јасмина.

Младоженецот носел костум "Версаче" и "Бурбери" вратоврска. Невестинскиот фустан на фолк-пејачката бил со полускапоцени камења а бурмите со дијаманти. Свадбената гардероба на двојката чинела над 20.000 долари.

- Се спремивме во хотелот, по што не зема лимузина и не однесе во капелата на цвеќето каде беше закажано венчавањето. Во Лас Вегас по венчавањето уживавме пет дена, вели среќната невеста.

Во тој момент најтешко им било што се далеку од дома и што не се со своите најблиски.

-Беше како од бајките а ние како да бевме сами среде пустина. Веднаш по венчавањето се јавив на моите да им кажам. Беа среќни.Со Трајче планираме да дојдеме во Македонија и со нашите најблиски да ја направиме свадбата, вели таа.

Трајче и Јасмина се познаваат цел живот, и тој е од Кавадарци. Симпатијата се родила на дочекот на 2007 година, кога Јасмина заедно со нејзините колеги Коки и Зоки беше на турнеја низ САД. По завршување на турнејата Јасмина се врати дома, но почнале допишувањата по телефон и по емаил. Минатата година кога дошол на одмор ја почнале љубовната врска.

-Заради далечината врската воопшто не даваше впечаток дека ќе дојдеме до свадба. Но, повторно добив понуда за турнеја низ САД и на почетокот на април годинава дојдов во Њу Џерси, каде што живее Трајче. Имам поддршка и разбирање од него. Долго време барав таков и го најдов. Тој има компанија за камиони и по цел ден е на работа, а јас додека да ми почнат студиите уживам и се дружам со нашинците. Не знам кога ќе дојдеме во Македонија, но и двајцата се сложивме дека кога ќе се вратиме тоа ќе биде засекогаш. Убаво е и тука, но дома си е дома, вели таа.


Наjновo од Забава
Бајка среде пустина
Лозинката ни на суд
Рики Мартин стана самохран татко
Кралскиот дворец штеди струја
Кејт и Овен по трет пат?
Требаше повеќе да шетам гола
Мачка со четири уши
Хонорарот во корист на ќерката на Леџер
Северина во врска со келнер
Среќен роденден штрумфови!
Сакам тело како Бред Пит
Рамбо е русин!
Бритни врска нема од пеење видео
Видео клип
Молив
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи