недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Забава / Showbiz

Infected Mushroom во Скопје

Македонската електронска публика на 19 септември, ќе го има несекојдневното задоволство да ја започне зимската клупска сезона на Скопски саем со настапот на најдобриот жив електронски бенд Infected Mushroom.

Израелското trance-продуцентско дуо Infected Mushroom  постои повеќе од 12 години. Членови на групата Erez Aizen и Amit Duvdevani, на своите настапи се придружени од страна на двајцата гитаристи Tommy Cunningham и Erez Netz и бубњарот Rogerio Jardim. Infected mushroom во 1998 година го издаваат својот прв албум „The Gathering“, кој предизвикува турбуленции на денс сцената со нивниот посебен пристап кон музиката. Нивниот следен албум „Classical Mushroom“, издаден во 2000 година, постигнува уште поголем успех и тотално ги поместува границите на класичната trance музика. Една година подоцна го издаваат албумот B.P. Empire, кој ги става на врвот на листата на најбараните продуценти на trance сцената. Со огромен успех низ целиот свет, тие си креираат свои фанови дури и во Северна Америка, земја во која не е толку раширена trance музиката. Во 2003 година го издаваат албумот „Converting Vegetarians“ каде комплетно ги поместуваат границите на своите можности. Користејќи моќни вокали, амбиентални звуци и експериментални рифови почнуваат да ја заинтересираат целосната електронска сцена, без разлика на жанрот. Една година подоцна, после оваа експериментална фаза се враќаат на стариот добар звук и го издаваат  албумот „I’m the supervisor“. Во 2005 година се селат во Лос Анџелес бидејќи сфаќаат дека мораат да одат еден чекор понапред во своето креирање. Две години подоцна, во 2007 година го издаваат својот албум „Vicious Delicious“ каде докажуваат дека веќе се пораснати и дека сега креираат музика од сите жанрови, за сите слушатели.

Со настапите речиси на сите големи фестивали, Infected Mushroom само ја докажуваат својата доминација. Omix во Мексико, Ultra во Мајами, Coachella фестивалот во Лос Анџелес се само дел од фестивалите.

Во 1996 година беа рангирани на 12 место според DJ Magazine, додека изминатата година беа рангирани на 9 место. Според сите артисти, без разлика од кој жанр на електронската музика и да припаѓаат, Infected Mushroom се најиновативниот и најдобриот електронски состав во моментот.

Организатори на овој настан се, Digital Dance. Стандардната домашна поддршка ќе биде од Navigator, Бушава Азбука, Satellite и NRG. Цената на билетите е 500 денари и ќе можат да се купат во Југотон. Очекувајте спектакуларно осветлување, ласерски перформанс и видео презентации од страна на македонските Vj-и Aenoscope.


Наjновo од Забава
Меган Фокс ќе се мажи?
Брз развод
Можам да ги натпијам повеќето мажи
Добил докторска диплома после 65 години
Изневерена во виртуелниот свет побарала развод
Во Дубаи отворен хотел од милијарда и половина долари видео
Најсексипилен маж на светот
Мајкл Џексон повторно на суд
Парис Хилтон раскина со Бенџи Меден
Ана ме исфрли со се партали
Промоција на новиот албум на Каролина „Македонско девојче“
Концерт на Дино Мерлин во Скопје
Видео клип
Карате паркинг
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи