
|
 |
Забава / Showbiz
Ријана е шворц
Ријана наводно и дала отказ на својата финансиска менаџерка откако открила дека на сметката поседува само 20.000 американски долари.
 Како што пренесуваат американските медиуми, пејачката и нејзината менаџерска компанија ја обвинија финансиската менаџерка Патриција Вилјамс дека украла пари од контото на музичката ѕвезда.
Вилјамс ги отфрли ваквите обвиненија и за лошата финансиска состојба на ѕвездата од Барбадос го обвини менаџерот Марк Џордан.
„Јас сум професионален менаџер. Сум работела со голем број на актери, музичари и со мултимилионски корпорации. Зошто би крадела од Ријана? И ги покажав сите документи и се обидов да и ја објаснам ситуацијата, но таа едноставно не сакаше да слуша“, изјави Вилјамс.
Според обвинетата, проблемот е кај издавачката куќа на Ријана и кај нејзиниот менаџер.
 „Def Jam не ја финансира како што треба. Марк (нејзиниот менаџер) ги користи средствата од спонзорствата и од турнеите за да ги спонзорира нејзините албуми и видео спотови. Не сакам да го валкам името на Марк. Тој е фантастичен менаџер и цврсто верува во Ријана, но тој ги вложува нејзините пари во нејзината кариера бидејќи смета дека таа може да се пробие на светскиот пазар. Продажбата на нејзините албуми не е ни одблизу до продажбата на сингловите. Марк знае дека луѓето ја знаат само како ’артистка која има синглови’ и оти ќе биде добра колку што ќе биде добар нејзиниот последен хит. За жал за тоа не го информирал својот клиент, и сега јас ги добивам ударите“, објасни Патриција Вилјамс.
Патриција истакна дека Ријана досега во нејзината кариера успеала да заработи нешто повеќе од милион долари и оти само снимањето на спотовите „Take A Bow“ и „Disturbia“ потрошени се над 750.000 американски долари.
Менаџерката додаде дека за настапите со „Pussy Cat Dolls“ во Европа добила 30.000 долари, но оти сите пари отишле за снимање на новиот албум.
 Во моментот кога песната „Umbrella“ беше 11 недели најпродавана во САД, Ријана продаде само 150.000 копии од албумот, поради што издавачката куќа „Def Jam“ рече дека повеќе нема да ги финансира нејзините проекти.
Џордан мораше сам да најде средства за финансирање на видео спотот за песните „Shut Up & Drive“ и „Dont Stop The Music“, кои чинеа над 250.000 долари, а уште 120.000 долари мораше да обезбеди за спотот „Hate That I Love You“.
Ријана подоцна го реиздаде албумот „Good Girl Gone Bad: Reloaded“ кој целосно сама го финансираше.
Патрициа Вилјамс тврди дека сите пари кои Ријана ги заработила отишле за градењето на нејзината кариера и за нејзиниот имиџ на ѕвезда, и оти после сите трошоци сосема е реално да нема пари.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|