
|
 |
Забава / Showbiz
Ќе го прошетаме светот
Малдиви, Сицилија, Грција, Црна Гора, се само дел од дестинациите што за само два месеци ги помина младата брачна двојка Дуле и Сандра. Тие велат дека решиле заедно да го прошетаат светот, па откако направија свадба во име на меден месец сеуште одат од една во друга туристичка дестинација.
Прво место за уживање им беа монденските острови Малдиви, каде поминале петнаесетина рајски денови.
-На Малдивите е исто како да си во рајот. Се е толку интимно, прекрасно и тивко за вистински одмор. Водата е како на разгледниците, просто да не можеш да престанеш да уживаш и во храната, коктелите, љубезноста на мештаните, вели вљубената двојка.
По враќањето од Малдиви Дуле и Сандра заминаа на италијанскиот остров Сицилија. Десетина дена уживале во градчето Таормина, а една вечер, како што раскажуваат, шетајки се залутале на вулканот Етна.
-Сицилија не е рајска како Малдивите, но е интересна за некој што е прв пат таму и има што да се види, велат Дуле и Сандра.
Со мала пауза во Скопје, заради веќе закажаните настапи на Дуле и Коки, тие успејаа да побегнат на уште неколку плажи во Грција, Будва и Охрид. Во моментов го средуваат новиот дом за живеење, а потоа велат дека ќе го фатат патот некаде низ Европа.
-За идниот месец веќе резервиравме за Тенерифе, еден од Канарските острови. На враќање ќе го посетиме Барселона, а неколку дена ќе бидеме во Виена. Кога ќе се вратиме од таму ќе мислиме каде да одиме за Нова Година. Веќе престанавме да ги распакуваме куферите, велат тие.
Местата за патување сега ги бира Сандра. Таа вели дека прво ќе ги поминат сите места каде што таа не била, а после и омилените места на Дуле...
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|