
|
 |
Забава / Showbiz
Нивес Целзиус напишала роман за Белград
Нивес Целзиус напишала роман за Белград, кој што се очекува овие денови потпишување на договорот со издавачот за српскиот пазар.
“Поголемиот дел од книгата се однесува на мојот живот во Белград, така што сметам дека во Србија книгата ќе постигне поголем успех отколку во Хрватска. Иако имињата во романот не се вистинити и ситуациите се малку променети за да се добие во драматичност, сите ликови се реални и сигурно ќе се препознаат кога ќе ја читаат книгата” изјавила Нивес за српскиот весник “Ало“ додавајќи дека не се плаши од скандалите што може да ги предизвика романот.
“Во моментов ми јавуваат дека се продадени 40 000 примероци така што сфатив дека може добро да се заработи од пишувањето. Мислам дека во Србија ќе се надмине овој тираж затоа што сите истражувања говорат за тоа дека во Србија со голема нестрпливост се очекува мојата книга”.
После неколкуте години поминати во Србија, Нивес со задоволство очекува да се сретне со своите пријателите.
“Го обожавам Белград и планирам да поминувам што повеќе време во него” истакнала Целзиус.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|