петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Забава / Showbiz

Концерт во чест на Тоше Проески

Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи голем хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“.

Како што најавија на денешната прес - конференција од Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево, билетите за концертот ќе може да се купат ширум Македонија од утре, во специјализирани музички продавници и продажната мрежа на Космофон, Германос и Импулс по цена од 200 денари и ВИП влезници по цена од 1.000 денари.

Покровител на концертот е Владата на Република Македонија и Министерството за култура, а организатор е Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево.

На прес - конференцијата присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска која рече дека Тоше Проески е личност која со своето постоење остави длабоки траги во поширокото соседство и во светски рамки.

- Несомнено е дека токму поради неговата хуманост и доброделата што ги правеше ликот на Проески уште долго време ќе биде пример и порака до сите генерации во земјата. Пласирајќи ги своите вонредно големи музички квалитети тој оствари досега незапаметена афирмација на македонската музичка култура. Целта на концертот, пред се, е да се даде соодветна почит кон ликот и делото на Тоше Проески, а истовремено низ неговата музика да се потсетиме на неговата хуманост, рече министерката Канческа - Милевска.

Таа додаде дека на денот на концертот сите надлежни и релевантни институции ќе им излезат во пресрет на организаторите.

На концертот, како што потврди Илија Ивановски од фондацијата „Тоше Проески“ ќе учествуваат 25 пејачи од земјава и странство меѓу кои Наум Петрески, Калиопи, Аки Ракимовски, Руслана, „Синтезис“, Биља Крстиќ, Марија Шестиќ, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Жељко Самарџиќ, оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на Саша Николовски - Ѓумар, како и бендот на Тоше.

Извршниот директор на фондацијата Андреј Николоски подвлече дека не е едноставно да се земе обврска за продолжување на делото на Проески, но неговите дела, како што истакна, мора да продолжат да живеат.

Од фондацијата најавија дека концертот со меѓународна димензија ќе почне да се одржува секоја година на истиот датум - 5 октомври.

Од денеска се отворени и донаторски линии на кои заинтересираните веќе може преку бројот 143-100 од мрежата на Космофон, ВИП, T-Home и Македонски телекомуникации со или без префикс да донираат 100 денари. Средствата од билетите и хуманитарната линија по завршувањето на концертот фондацијата „Тоше Проески“ ќе одлучи каде да ги донира.

Водители на концертот под наслов „Те сакаме сите Тоше“ ќе бидат Ели Танаскова, Игор Џамбазов и Тони Михајловски.




Наjновo од Забава
Елен Помпео има чудна анатомија на нозете!
Lady Gaga „живее на радио“ видео
Мачор спасил старица од напад на четири питбула
Калеидоскоп на Tiesto го заслепе Скопје фото галерија
Имам 80 отсто шанси да преживеам
Бредли Купер ќе ја запроси Рене Зелвегер
На фарма „никна“ смарагд
Ештон ја изневерува Деми?!
Пријателите повторно загрижени за Лохан
Дино Мерлин со концерт во „Метрополис” арена
И купил куќа на непозната жена
Мадона штеди: На снимањето на филмот носи сопствен мебел
Видео клип
Добра женска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи