Џастин и Џесика на викенд во Рим
Младиот американски пејач Џастин Тимберлек и неговата девојка Џесика Бел неодамна биле на романтичен викенд во Рим, каде толку добро се вклопиле со толпата туристи што останале тотално незабележани.
Извори блиски до двојката велат дека Џастин и Џесика уживале во прошетката низ римските улици и оти неверојатно им годело што никој не ги препознал, или барем што на никој не му било гајле што тие се тука.
Ова е втор пат парот заеднички да се одмора во Европа. Претходно Џесика, заедно со мајка му на Џастин нправи мала шопинг турнеја во Копенхаген и Осло, додека Џастин беше на европска турнеја.
Во моментов, Џастин го снима својот нов филм, а во студиото го завршува третиот албум.
Џесика пак, заврши со снимањето на двата филма- ,,Nailed″ со Џек Гиленхал и Џејмс Марсден, како и сихронизираниот анимиран филм ,,Planet 51″.
|