Џек Спароу се враќа

Холивудската суперѕвезда Џони Деп повторно се враќа на Карибите. Актерот се сложил повторно да се појави во улогата на смешниот пират, капетанот Џек Спароу во четвртото продолжение на мега хитот „Pirates of the Caribbean“.

Актерот ќе го зголеми своето богатство благодарение на студиото Disney, откако се договори да се појави и во улогата на Лудиот Шапкар во филмската верзија на „ Alice in Wonderland “. Неофицијално се дознава дека Деп се согласил да се појави и во улогата на Тонто, Индијанец маскиран во каубој, од вестерн серијата од 50-те, „The Lone Ranger“.

Од студиото Disney, кое стои зад серијалот „Pirates of the Caribbean“ велат дека се пресреќни што Деп се согласил да ја репризира улогата на Џек Спароу, лик изграден врз познатиот музичар Кит Ричардс.

Трите филмски продолженија, кои беа продуцирани од легендарниот холивудски филмаџија, Џери Букехајм заработија неверојатни 2,6 милијарди долари на бокс офисот.

„Алиса во земјата на чудата“, чија премиера е закажана за 2010 година, ќе биде во режија на Тим Бартон. Филмот ќе биде снимен во 3Д, а ќе се користи технологијата применета кај анимираниот филм „Beowulf“ од 2007 година.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Правила се правила дечко...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download