Почина Пол Њумен

Легендарниот американски актер Пол Њумен почина вчера на 83-годишна возраст. Како што објавија американски медиуми, Њумен починал по долго боледување од рак.
Портпаролка на семејството не даде детали за смртта.

Десетпати беше номиниран за Оскар, а престижната американска филмска награда ја доби во 1987 година за главна улога во филмот Бојата на парите.
Њумен е добитник и на наградата од Кан за најдобар актер во филмот Долго, топло лето (1958 година). Играл главни улоги во над 60 филмови.
|