
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Не сум го гледала моето секс-видео
Познатата холивудска старлета Памела Андерсон тврди дека никогаш не го погледнала ниту ќе го погледне фамозното секс-видео со нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли, снимено за време на нивниот меден месец.
 Пред точно 10 години на интернет се појави секс видеото од Памела и Томи Ли, кое веднаш стана најбараното, најпродаваното и најсимнуваното секс видео на познатите холивудски ѕвезди.
Андерсон вели дека веројатно никогаш нема да го погледа видеото бидејќи и онака и е доста од Томи.
 „Никогаш не сум го погледала секс-видеото од мене и Томи, и никогаш нема ни да го гледам. И така премногу го гледам Томи. Не можам да се откачам од него“, изјави ѕвездата на „Чувари на плажата“.
Андерсон неодамна откри дека повторно живее под ист покрив со нејзиниот поранешен сопруг, но оти не спијат во ист кревет.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|