
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Почина гитаристот на “Бајага и инструктори“
Гитаристот на групата „Бајага и инструктори“ Љубиша Буба Опачиќ ненадејно почина денеска во Марибор, каде што со бендот беше на турнеја, соопшти агенцијата „Лонг плеј“, овластен застапник на познатиот српски состав.
Опачиќ починал ноќеска во својата хотелска соба, а датумот и местото на закопот ќе бидат дополнително одредени, се наведува во соопштението.
- Шокирани сме и се уште не можеме да сватиме што ни се случи. Беше сјаен музичар и човек...осум години свиреше во бендот, рече лидерот на групата Момчило Бајагиќ.
Покојниот Опачиќ последен пат свиреше на концертот што се одржа на 27 септември во Марибор.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|