недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Забава / Showbiz

Скарлет Јохансон рипна во тавче

Новиот холивудски секс симбол, Скарлет Јохансон и актерот Рајан Рејнолдс викендов тајно се венчале во мала капела во Ванкувер, јавија американските медиуми.

Како што јавуваат медиумите, на венчавката присуствувале само мајката и братот на Скарлет. Актерската двојка започна да се забавува минатата година, непосредно откако Рејнолдс ја раскина свршувачката со познатата пејачка Аланис Морисет. Во мај годинава Рајан и поклони на Скарлет свршенички дијамантски прстен вреден околу 20.000 американски долари. Информацијата за нивната свршувачка ја проширија по пат на смс порака. По информацијата за свршувачката се огласи и поранешната свршеница, Морисет која изјави дека актерите се создадени еден за друг.

Неколку недели подоцна Рајан Рејнолдс и јавно изјави дека ја обожава Скарлет.

„Ја обожавам Скарлет и сакам деца со неа. Мислам дека таа е мојата судбина“, изјави Рејнолдс.

Кон почетокот на септември годинава, актерката им се довери на медиумите и изјави дека со сите сили ќе се обиде да ја сочува венчавката од очите на јавноста и оти ни на крај памет не и паѓа да ги продава сликите од свадбата.

„Мислам дека само еднаш во животот можете да ја пронајдете вистинската личност која е створена за вас. Сигурна сум дека мојата друга половина е Рајан“, изјавила Јохансон.


Наjновo од Забава
Меган Фокс ќе се мажи?
Брз развод
Можам да ги натпијам повеќето мажи
Добил докторска диплома после 65 години
Изневерена во виртуелниот свет побарала развод
Во Дубаи отворен хотел од милијарда и половина долари видео
Најсексипилен маж на светот
Мајкл Џексон повторно на суд
Парис Хилтон раскина со Бенџи Меден
Ана ме исфрли со се партали
Промоција на новиот албум на Каролина „Македонско девојче“
Концерт на Дино Мерлин во Скопје
Видео клип
Карате паркинг
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи