недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Забава / Showbiz

Анџелина Џоли и рече „не“ на Лара Крофт

Анџелина Џоли наводно одбила повторно да го оживее ликот на Лара Крофт во третото продолжение на филмот, кое ќе се базира на новото издание на познатата видео игра „Tomb Raider“.

Џоли, која во јули ги роди близначињата Вивиен и Кнокс, ја толкуваше улогата на Лара Крофт во првите два дела „Lara Croft: Tomb Raider“ од 2001 година и „The Cradle Of Life“ во 2003-та. Оттогаш, се чини дека нејзината актерска кариера падна во сенка на нејзината работа со Обединетите нации и на проширеното семејство со нејзиниот партнер Бред Пит.

По објавувањето на информациите дека новата игра „Tomb Raider“ ќе се појави на пазарот во текот на зимата, филмските босови сметаат дека ова е одлична шанса Џоли да ја врати својата кариера на вистинскиот пат.

„Лара е прекрасен лик, поради што играта успеа да се пресели и на филмското платно. Иако првите два дела не беа најдобро прифатени, сè уште постои надеж дека Лара и Tomb Raider можат да направат вистински бум. Продуцентите би сакале Анџелина Џоли повторно да се појави во оваа улога, поради што и оставија отворена врата. Ова ќе биде многу помрачен филм, кој многу повеќе ќе се посвети на приказната“, вели извор близок до филмските продуценти.


Наjновo од Забава
Меган Фокс ќе се мажи?
Брз развод
Можам да ги натпијам повеќето мажи
Добил докторска диплома после 65 години
Изневерена во виртуелниот свет побарала развод
Во Дубаи отворен хотел од милијарда и половина долари видео
Најсексипилен маж на светот
Мајкл Џексон повторно на суд
Парис Хилтон раскина со Бенџи Меден
Ана ме исфрли со се партали
Промоција на новиот албум на Каролина „Македонско девојче“
Концерт на Дино Мерлин во Скопје
Видео клип
Карате паркинг
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи