
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Зошто Стоун го изгуби старателството врз синот?
Судски документи откриваат чудни барања и идеи на актерката која го изгуби старателството врз најстариот син.
Документот, со кој се одбива барањето на Шерон Стоун својот син да го пресели во Лос Анџлес, е полн со необични детаљи кои ја откриваат неспособноста на глумицата да се грижи за осумгодишниот Роан. Еден од најбизарните детаљи се однесува на желбата на глумицата малиот Роан да добие инекции ботокс во стопалата.
- Мајката предложи детето да оди на „ботоксирање“ затоа што имале непријатности со мирисот на неговите нозе. Таткото предложил детето да внимава на хигиената и да носи соодветни чорапи. Одлучивме дека нема потреба мајката да бара поинаква одлука во врска со детето, пишува во судските документи до кои дојдоа американските таблоиди.
Шерон Стоун минатата недела го изгуби старателството врз синот, кое му припадна на нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|