
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Повторно заедно
Пред десетина години Леонардо Ди Капиро и Кејт Винслет беа страсни љубовници од „Титаник“, а сега повторно се заедно на филм и повторно се страсни на големото платно.
 Во филмот „Револуционерен пат“ по романот на Ричард Јејтс, 33-годишниот Ди Каприо го глуми Френк Вилер, а една година помладата Кејт Винслет е во улогата на неговата сопруга Ејприл Вилер. Целата приказна е уште поинтересна затоа што режисерот на филмот е нејзин сопруг во „вистинскиот“ живот Сем Мендез.
Филмот чија премиера е предвидена за крајот на оваа година, зборува за животот на двајца млади луѓе кои ќе се венчаат поради погрешни причини и како тоа негативно влијае на нивниот живот.
 Кејт Винслет неодамна изјави дека и било чудно да снима сцени со секс со друг маж, а сето тоа да го гледа нејзиниот сопруг зад камерата.
- Постојано си велев дека ова е многу чудно. Лео ми одговараше:„Престани да мислиш на тоа“. Му одговорив - Како да го направам тоа? Ти си мојот најдобар пријател а тој е мојот маж. Многу беше чудно, изјави Кејт.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|