
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Шестмесечна забрана за секс
Родителите на пропадната поп принцеза Бритни Спирс нема да дозволат никој да застане на патот на закрепнувањето на нивната ќерка и кон повторното враќање на светската музичка слава.
 Британските медиуми објавија дека родителите на Бритни се толку одлучни, што на нивната ќерка и забраниле да има секс во следните шест месеци. Тие се плашат дека Бритни со нејзиниот лош избор на мажи може повторно да си ја наруши психичката стабилност.
„Џејми и Лин сметаат дека се многу блиску до повторното враќање на славата на Бритни, поради што не сакаат ништо да им го попречи патот до успехот“, вели пријател на родителите на Бритни.
Истиот извор вели дека Џејми и Лин веруваат дека поранешното момче на Бритни, Аднан Галиб е делумно виновен за нервниот слом и за изгубеноста на нивната ќерка и тоа во периодот додека таа се дружеше со него и со нејзиниот „менаџер Сем Луфти.
 „Тие очајно се обидуваат да се осигураат дека тоа нема да се случи повторно. Нивна најголем кошмар е Бритни повторно да не заврши со некој кој ќе сака да ја искористи поради нејзините пари и за напредување во сопствената кариера“, вели истиот извор.
Дваесет и шестгодишната Бритни во моментов зема намалена доза на антидепресанти и полека се справува со нејзините проблеми. Сепак се чини дека ќе биде потребно уште време додека поранешната музичка принцеза целосно закрепне.
 Педесет и деветгодишниот Џејми се уште останува одговорен за Бритни, барем до декември. Во тек се судските сослушувања за здравствената состојба и за надзорот на Бритни Спирс. Според инсајдерски информации, Џејми веројатно повторно ќе го добие старателството врз Бритни со оглед на фактот што на музичката ѕвезда ќе и треба подолго време да закрепне.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|