
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Заработувачка од 10 долари на секунда
Британската писателка Ј.К. Роулинг лани заработувала по 10 долари секоја секунда, станувајќи на тој начин автор со најголема заработувачка во светот, открива истражувањето на американското списание „Форбс“.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во изминатите 12 месеци, авторката на романите за Хари Потер, заработила 300 милиони долари само од авторските парава на книгите, што е шестпати повеќе од второпласираниот автор Џејмс Патерсон, а уште повеќе од третиот на оваа листа на највисоки заработувачи, писателот на хорор романи Стивен Кинг, кој има инкасирано „само“ 45 милиони долари.
Според Форбс, кога на тоа ќе се додаде и заработувачката од филмовите, која се проценува на 4,5 милијарди долари, излегува дека Британката Роулинг е најдобро продаваната милијардерка во светот на книгата.
Од моментот кога во 1997 година се појави првата книга за момчето волшебник Хари Потер, досега се продадени 400 милиони примероци. Тие се преведени на 67 јазици и се популарни ширум целиот свет.
Пред создавањето на ликот Хари Потер, авторката Ј.К. Ролинг била мошне сиромашна самохрана мајка, неможејќи да си ги плати домашните сметки. Во едно нејзино интервју таа има признато дека во тоа време помислувала и на самоубиство.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|