
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Ал ди Меола на 16 ноември во Скопје
Скопје, 4 октомври (МИА) - Гитаристот Ал ди Меола - четири пати прогласуван за најдобар џез гитарист во светот од престижното списание „Guitar player“, на 16 ноември ќе настапи во Универзалната сала во Скопје.
Ал ди Меола во Скопје ќе го придружуваат тројца врвни џез музичари - Гумби Ортез, Пео Алфонси и Фаусто Бечалоси.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од 6 октомври и ќе чинат 800 до 1.000 денари. Настапот на Ал ди Меола е во склоп на неговата светска турнеја „New world sinfonia tour“. Концертот во Скопје го организира Авалон продукција.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|