недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Забава / Showbiz

Над 40.000 луѓе на Градскиот стадион пееја во чест на Тоше

Големиот хуманитарен меѓународен концерт насловен „Те сакаме сите Тоше“ кој вчера се одржа на Градскиот стадион во Скопје во чест на македонската музичка икона Тоше Проески собра над 40.000 илјади луѓе од земјава и регионот кои скоро четири часа пееја за него.

Желбата на македонската легенда со својата музика повторно да го наполни Градскиот стадион посакана на 5 октомври минатата година на неговиот последен концерт пред домашната публика синоќа се оствари.

Петти октовмри да стане ден на хуманост и музика - е пораката што ја пренесе вчерашниот концерт.

Во чест на Тоше, кој го загуби животот минатата година на 16 октомври во сообраќајна несреќа во Хрватска, вчера на Градскиот стадион во Скопје настапија Калиопи, Симон Трпчески, Аки Рахимовски, Адријан Гаџа, Руслана, Синтезис, Биља Крстиќ, Марија Шестиќ, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Жељко Самарџиќ,..., оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на Саша Николовски - Ѓумар, како и бендот на Тоше. 

На концертот беше поставена и 40-метарска бина со лед екрани и друга техника од близу 60 тони.

Пред почетокот на концертот на присутните им се обрати претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на кој од страна на Фондацијата му беше доделена специјална статуетка која симболизира хуманост.


Покрај седумте издадени албуми на македонски јазик „Некаде во ноќта“, „Синот Божји“, „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“, „Божилак“ и „Игри без граници“, како и изведба на голем број странски хитови Тоше беше амбасадорот на добрата волја на УНИЦЕФ и постхумно прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

Со вечерашниот концерт почнуваат и активностите на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, која ќе се грижи за ликот и делото на Тоше.


На концертот, покрај настапите на пејачите од земјава и странство, допатува и Енди Рајт музичкиот продуцент на Тоше за неговиот албум на англиски јазик. На концертот беше исполнета уште една желба на Тоше - премиерна изведба на дуетот на англиски јазик со неговиот внук Кристијан.

Музичкиот спектакл директно го пренесуваа над 20 земји - држави од поранешна СФРЈ, но и Кипар, Бугарија и Романија, а сигналот го преземаа бесплатно 180 телевизии преку сателитот на Македонската телевизија како медиумски покровител. За време на концертот преку он лајн мост директно на Градскиот стадион се вклучија телевизии од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Преку отворените донаторски линии на бројот 143-100 од мрежата на Космофон, ВИП, T-Mobile и Македонски телеком со или без префикс граѓаните можеа да донираат 100 денари кои Комисија


Наjновo од Забава
Меган Фокс ќе се мажи?
Брз развод
Можам да ги натпијам повеќето мажи
Добил докторска диплома после 65 години
Изневерена во виртуелниот свет побарала развод
Во Дубаи отворен хотел од милијарда и половина долари видео
Најсексипилен маж на светот
Мајкл Џексон повторно на суд
Парис Хилтон раскина со Бенџи Меден
Ана ме исфрли со се партали
Промоција на новиот албум на Каролина „Македонско девојче“
Концерт на Дино Мерлин во Скопје
Видео клип
Карате паркинг
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи