
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Од децата не можам да имам секс
Анџелина Џоли и Бред Пит неверојатно тешко наоѓаат време за романтика и секс особено сега кога имаат шест деца.
 Џоли, која во јули ги роди близнаците Кнокс и Вивиен и најави дека планира уште да го проширува своето семејство признава дека поради своите деца ги жртвува интимните моменти со Пит.
 „Ако се заклучиме, децата доаѓаат и ни тропаат на врата. Честопати на крајот на вечерта сакаме да имаме заедничка бања, за насамо да се видиме и позборуваме, но штом децата ќе ја слушнат водата веднаш скокаат в када со нас. Сепак, забавно е и ми се допаѓа. Кога имате шест деца, односно после третото или четвртото сè станува толку лудо и хаотично. Но сепак е добро“, вели Џоли.
 Ѕвездата на „Tomb Raider“, која викендов за првпат се појави во јавноста откако се породи вели дека е најсреќна кога е со своето семејство.
 „Животот ми е посветен на моето семејство, сите сме блиски меѓу себе. Тоа ме прави среќна. Кога ќе се разбудам прва работа што ја првам е да проверам дали сите се здрави. Децата ми носат среќа и мир. Навистина не ми е гајле за ништо друго. Дури и кога сум го имала најлошиот ден, кога луѓето кажувале најлоши и најодвратни работи за мене, кога ќе се вратам дома моите деца ме пречекуваат со љубов. Тогаш се чувствувам како да сум најважната личност на светот“, изјави Џоли.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|