
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Обид за самоубиство
Британската пејачка Ејми Вајнхаус се обиде да се самоубие, јавија британските медиуми.
Вајнхаус во моментов се наоѓа под 24-часовен надзор на пријателите и семејството, откако при последниот „напад“ со нож на градите извикала „Која е поентата?! Не можам повеќе да живеам“.
„Пријателите успеаја да и го одземат ножот од рака и во моментов ја држат под постојан надзор. На Ејми не и е добро. Се обиде да се самоубие. Нејзините чувства се пресилни, некогаш е расположена, но некогаш кога ќе чуе нешто што не и одговара, сака да се самоубие. Почна да зборува дека и таа како и Сид Вишис ќе умре млада. Вели тоа е нејзината судбина“, изјавил пријател на пејачката.
Ѕвездата на „Rehab“ наводно е опседната со идејата да умре млада како фронтменот на легендарните „Sex Pistols“, а сето тоа е последица на фактот што нејзиниот сопруг Блек Филдер Сивил одби остатокот од затворската казната да ја отслужи условно. Сивил ја одби судската одлука бидејќи не можел да се носи со тоа повторно да живее со неговата мајка и да носи затворска алка со која ќе се следи секој негов чекор.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|