петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Забава / Showbiz

Промовиран видеозаписот „Сам легнувам“ на „Синтезис“

Скопје, 14 октомври (МИА) - Познатата македонска етногрупа „Синтезис“ денеска го промовираше видеозаписот за темата „Сам легнувам“, што се наоѓа на нивниот најнов албум „Идентитет“.

„Сам легнувам“ е македонска песна стара околу 250 години, која потекнува од источниот крај на Македонија. Станува збор за балада со љубовна тематика и со побрз ритам.

Режисерот на спотот Никола Кумев на денешната прес-конференција рече дека соработката со „Синтезис“ почнала со стапувањето на нивната музика на краткометражниот филм „10“.

- Спотот е со модерен израз, снимен е летото во Охрид и во него има снимки од филмот „Вода“. Се надевам дека соработката со групата ќе продолжи, истакна Кумев. Спотот е во продукција на „Кумев брадерс“.

Радослав Шурбевски, член на групата посочи дека „Синтезис“ е добитник на меѓународна награда на европско ниво од Европската организација на туристички новинари за придонес за развој на туризмот во 2008 година.

Церемонијата на доделувањето на наградите на сите номинирани брендови од Европа ќе се одржи на 16 и 17 октомври во Сплит, каде што „Синтезис“ освен што ќе ја прими оваа престижна награда, ќе го одбележи отворањето и затворањето на оваа манифестација со свој настап.

Предлогот на оваа организација, како што беше речено на прес-конференцијата, се темели на големите заслуги во негувањето, обработката и оргиналната презентација на македонската етно-музика во светот, а целокупниот труд на „Синтезис“ е исклучително значаен за промоција на македонската култура и за придонесот за развојот на туризмот во Македонија. Настанот ќе биде снимен од Евровизија, што, според членовите на групата, е можност и за туристичка промоција на Македонија.

Марјан Ивановски, член на „Синтезис“ се осврна на следните планови на групата и на насловниот омот на лиценцното издание на албумот „Identity“ во Шпанија. Песните со текст, истакна тој, се преведени на архаичен англиски и на шпански јазик.

- Сите песни се преведени и ова е добра презентација на македонскиот јазик, рече Ивановски.

Тој најави дека по враќањето од Сплит групата ќе замине за Шпанија каде што ќе настапи на Фестивалот Еволуциона музика 2008 што ќе се одржи во градот Бургос. „Синтезис“ ќе сними два концерти, ќе го презентира најновиот албум, а на 2 ноември ќе настапи со симфонискиот оркестар на Бургос.

Според најавите, во декември групата ќе настапи во Цанкарев дом во Словенија.



Наjновo од Забава
Елен Помпео има чудна анатомија на нозете!
Lady Gaga „живее на радио“ видео
Мачор спасил старица од напад на четири питбула
Калеидоскоп на Tiesto го заслепе Скопје фото галерија
Имам 80 отсто шанси да преживеам
Бредли Купер ќе ја запроси Рене Зелвегер
На фарма „никна“ смарагд
Ештон ја изневерува Деми?!
Пријателите повторно загрижени за Лохан
Дино Мерлин со концерт во „Метрополис” арена
И купил куќа на непозната жена
Мадона штеди: На снимањето на филмот носи сопствен мебел
Видео клип
Добра женска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи