петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Забава / Showbiz

Уапсени двајца вработени од имотот на Бекамови

Ерик и Џун Емет
Две лица (Ерик и Џун Емет), кои биле вработени да го чуваат и да се грижат за имотот на познатиот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга,  поранешната пејачка Викторија се уапсени под сомнение дека украле предмети што им припаѓале на познатата двојка и ги продавале преку интернет.

Полицијата го потврди апсењето, но соопшти дека двајцата уапсени подоцна се пуштени од притвор за да се бранат од обвинувања на слобода.

Претставник на полицијата изјави дека интервенирале по налог на „приватни лица“ за кои подоцна се утврдило дека биле родителите на Викторија.

Тие на интернет забележале дека се нудат за продажба предмети што им припаѓаат на нивната ќерка и зетот, па ја алармирале полицијата. Двајцата вработени денеска демантираа дека краделе од имотот на Бекамови, нарекувајќи ги обвинувањата против нив „фабрикувани“.

Претставик на семејството соопшти дека „имало инцидент“ со кој сега се занимава полицијата, одбивајќи да каже било што повеќе за она што се случувало во куќата на славното британско семејство.

Имотот на Дејвид и Викторија Бекам се наоѓа во англиската област Хертфордсајар и за него се вели дека е „двојник“ на Бакингамската палата во Лондон, дом на британската кралица Елизабета.



Наjновo од Забава
Елен Помпео има чудна анатомија на нозете!
Lady Gaga „живее на радио“ видео
Мачор спасил старица од напад на четири питбула
Калеидоскоп на Tiesto го заслепе Скопје фото галерија
Имам 80 отсто шанси да преживеам
Бредли Купер ќе ја запроси Рене Зелвегер
На фарма „никна“ смарагд
Ештон ја изневерува Деми?!
Пријателите повторно загрижени за Лохан
Дино Мерлин со концерт во „Метрополис” арена
И купил куќа на непозната жена
Мадона штеди: На снимањето на филмот носи сопствен мебел
Видео клип
Добра женска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи