Тоше со музиката ги смируваше луѓето

Познатата хрватска поп пејачка Нина Бадриќ неодамна престојуваше во Белград каде на 21 октомври го промовираше својот нов албум „07“, пишува денеска весникот „Блиц“.

На промоцијата присуствуваа голем број музичари од Србија меѓу кои и Марија Шерифовиќ, Тијана Дапчевиќ, Гоца Тржан, Сергеј Четковиќ и други кои имаа прилика да уживаат во мини концертот на Нина. Во разговорот за „Блиц“ Нина раскажува за плановите за концертот во Белград, за познанството со трагично загинатиот Тоше Проески, како и за снимањето на спотот со познатиот тенисер Горан Иванишевиќ.

„Имам многу планови, но мислам дека кога ќе тргне турнејата на почетокот на февруари во 2009 година, секако околу април ќе направам и еден концерт во Белград. Бев на еден настан во театарот на Теразие и тој амбиент е нешто што е воодушевувачко за секој музичар. Салата е прекрасна, а од друга страна белградската Арена е нешто импозантно“, изјави Нина и додаде дека турнејата насловена по новиот албум „07“, ќе се одржи во седум градови.

Она што е важно да се нагласи е дека за турнејата ќе биде направена голема продукција, со голем број танчери, убава приказна на сцената и нови аранжмани на песните.

„Всушност тоа ќе биде еден пресек на мојата кариера која трае веќе 16 година“, изјави пеачката.

Нина на 5 октомври пееше на концертот во Скопје во чест на прерано загинатиот Тоше Проески кого не го познаваше многу но секогаш истакнува дека многу го ценела.

„Јас не сум од оние кои сега ќе кажат дека бевме супер, па соработувавме вака, онака... Само двапати сум го видела Тоше. Се запознавме кога двајцата бевме гости на концертот на славниот Тони Цетински. Тони не запозна и како што се запознавме – се препознавме како луѓе. Постоеше идеја двајцата да имаме серија концерти во Хрватска под називот „Тоше и Нина“, но за жал неговото прерано заминување не спречи во тоа. Навистина ми е жал што тие концерти не се случија, а јас сметам дека тоа за мене ќе беше оној вистинскиот дует, дует со него. Ако ме прашате што чувствувам кон него, ќе кажам дека тој е ненадминлив пејач, музичар кому драгиот Бог несомнено му дал баш се што е потребно за оваа професија. Но, тоа што ме воодушеви и ме собори кога прв пат го видов и го погледнав во очи е тоа што видов од каква чесна и добра куќа доаѓа, почитувањето и честа која зрачеше од него. Во Скопје на концертот во негова чест, беше едно чувство кое не може да се опише. Тага, радост, среќа, чест, сите околу тебе плачат, но чувствуваат и гордост и среќа. Бидејќи таму се чувствуваше неговото присуство и сета негова љубов. Тоше направи нешто што ниту еден политичар не успеа, со својата музика помири многу различни народи, вероисповеди, затоа што на луѓето им гледаше в срце“, изјави Нина Бардиќ.

 



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Чувааааааај
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download