Џеси Меткалф паднал од балкон

Актерот Џеси Меткалф е хоспитализиран откако во Монако паднал од балкон.

Актерот, кој ги освои женските срца со улогата на градинарот во „Desperate Housewives“ на забавата после доделувањето на „World Music Awards“ во Монако паднал од балкон, висок 12 метри.

Меткалф, кој по падот бил во бесвесна состојба веднаш е хоспитализиран во најблиската болница, каде веднаш му се направени детални снимања на телото.

За среќа актерот не скршил ниту една коска. Веднаш е пренесен во Британија каде го продолжил лечењето.

„Џеси имал среќа што останал жив. Веднаш го пренесовме во Лондон каде му направија целосна магнетна резонанса. Се надеваме дека се ќе испадне во најдобар ред“, изјави портпаролот на Меткалф.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Ептен шофер овој
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download