Полицијата ја испрашува беби-ситерката на Траволта

Џеф Кетрин, беби-ситерката на починатиот син на Џон Траволта, ќе биде испрашана од полицијата, откако беше откриено дека таа ги нема формалните квалификации за чување  деца. Џеф  претходно заработувала за живот како фотограф на свадби. Исто така беше потврдено дека таа никогаш не била „вистинска“ негувателка на 16 годишниот Џет.

- Кетрин го запозна Џон Траволта преку сциентологијата. Таа секогаш патуваше заедно со семејството, но никогаш немав слушнато дека таа му била беби-ситерка на Џет се до неговата смрт, изјави близок пријател на семејството.

Во меѓувреме полицијата ја потврди причината за смртта на Џет Траволта кој имал чести напади, а беше пронајден онесвестен во купатилото на 2 јануари во семејната викендичка на Бахамите.

Според направената аутопсија, срцевиот напад бил причината за смртта. Џет боледувал од синдромот кавасаки, кој  најчесто предизвикува срцеви заболувања, па поради тоа му била потребна постојана нега.

Во полицискиот извештај стои дека Џеф била последната која го забележала онесвестениот Џет и се претпоставува дека му помогнала на Џон во обидот да го  вратат во живот најстариот син на семејството Траволта.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Ептен шофер овој
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download