Најавен нов албум за Тоше Проески

Британскиот продуцент Енди Рајт, кој соработуваше со Тоше Проески на англискиот албум „The Hardest Thing” , најави смимање на трибјут албум во чест на прерано загинатата балканска ѕвезда. Како што дознава српскиот весник „Blic“ на албумот би требало да гостуваат големи свестски музички ѕвезди кои соработувале со Рајт, како Ени Ленокс, Натали Имбрулија. Дејвид Боуви, Том Џонс, Simply Red.

Долгоочекуваниот англиски албум на Тоше ќе излезе во продажба на 25 јануари, на денот кога тој требаше да наполни 28 години, а ќе се продава во сите земји од поранешна Југославија.

Неколку песни од албумот беа снимани и во Јамајка, каде пред две години Тоше и Енди Рајт поминаа работно лето и снимија пет песни, „Beautiful For Me”, „Glide”, „Separate Way”, „The Hardest Thing“ и „Forever”.

- Мене лично најмногу ми се допаѓа песната „Beautiful For Me” бидејќи заедно со Тоше ја напишавме дента кога се запознавме. Таа на некој начин го означи почетокот на нашето пријателство, па поради тоа сум посебно врзан за таа песна, изјави Рајт.

Рајт е потполно сигурен дека Тоше ќе беше светска ѕвезда, бидејќи имал потенцијал и харизма.

- Тоше го имаше „она нешто“, кое не може да се опише. Тој беше врвен уметник, едноставно кај него сите коцки беа поклопени. Беше само прашање на време кога тој ќе ја добиеше среќната шанса за пробив на светскиот пазар. Тоше имаше харизма заради која луѓето го сакаа, колку и да се трудеа некои да му најдат мана, не успеаја во тоа. Имаше се за да биде голема светска ѕвезда, заклучи Рајт.

Познатиот продуцент смета дека албумот „The Hardest Thing“ ќе стекне голема популарност, а Тоше постхумно ќе стане интернационална ѕвезда.

- Постојат големи шанси за тоа. Неговата приказна треба убаво да се раскаже. Заради тоа контактирав со двајца пријатели кои работат во британските весници да направат приказна со која ќе го доближат до луѓето од Европа. Планирам да направам и трибјут албум во чест на Проески на кој недовршените негови песни ќе ги отпеат познати светски музичари, додаде Рајт.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Чувааааааај
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download