петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Забава / Showbiz

Телото на Мајкл Џексон ќе биде префрлено во „Недојдија“

Телото на еден од најголемите поп музичари на сите времиња Мајкл Џексон утре ќе биде пренесено на неговиот имот „Недојдија“ (Neverland) во Калифорнија, каде од него ќе се опростат членовите на семејството, пријателите и обожавателите, објавија американските медиуми.

Медиумите нагласуваат дека телото ќе биде донесено во придружба на 30 автомобили.

Во меѓувреме, фотографот Кевин Мазур, кој го фотографирал Џексон само 48 часа пред неговата смрт, изјави дека поп ѕвездата бил „полн со енергија“ и добро се забавувал.

Мајкл Џексон, кој продаде најголем број албуми на сите времиња, почина на 50-годишна возраст на 26 јуни во Лос Анџелес.

Аутопсијата на телото на популарниот Џеко е објавена, но точната причина за неговата смрт не е утврдена. Патолозите во Лос Анџелес единствено наведоа дека не станува збор за насилна смрт, но дека точната причина ќе биде позната за неколку недели, откако ќе бидат готови токсиколошките анализи. Семејството на славниот пејач побара нова, независна аутопсија.

Како можна причина за смртта на Мајкл Џексон неофицијално се наведува прекумерното количество лекови за смирување на болките. Славниот пејач наводно секојдневно земал инјекции „демерол“.

Џексон го ангажирал докторот Мареј во мај годинава за да го следи во Лондон каде требал, почнувајќи од овој месец па до март 2010 година, да одржи 50 концерти за кои се продадени рекорден број влезници.



Наjновo од Забава
Елен Помпео има чудна анатомија на нозете!
Lady Gaga „живее на радио“ видео
Мачор спасил старица од напад на четири питбула
Калеидоскоп на Tiesto го заслепе Скопје фото галерија
Имам 80 отсто шанси да преживеам
Бредли Купер ќе ја запроси Рене Зелвегер
На фарма „никна“ смарагд
Ештон ја изневерува Деми?!
Пријателите повторно загрижени за Лохан
Дино Мерлин со концерт во „Метрополис” арена
И купил куќа на непозната жена
Мадона штеди: На снимањето на филмот носи сопствен мебел
Видео клип
Добра женска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи