Џорџ Клуни ќе води телевизиска емисија во живо на MTV за прибирање средства за помош на настраданите од земјотресот на Хаити, а Бред Пит и Анџелина Џоли веќе подарија еден милион долари за таа кауза.
MTV не посочува датум за емитување на хуманитарната програма, но најверојатно тоа ќе се случи на 22 јануари, јавуваат американски медиуми.
Хуманитарната програма ќе ја преземат и VH-1, Comedy central, како и ABC, CNN и HBO. Засега се знае дека други луѓе од шоу-бизнисот не се вклучиле во иницијативата.