Немаше скандал и хистеричен испад
Раперот Канје Вест го негираше извештајот дека добил хистеричен напад откако бил седнат во бизнис класата на еден неодамнешен лет. Американските медиуми објавија дека триесетидвегодишниот пејач направил вистински скандал откако тој и неговиот соработник биле одбиени од првата класа со луксузни седишта и биле принудени да патуваат во бизнис класата на летот од Лос Анџелес до Њујорк.

Сепак, Канје тврди дека извештајот на медиумите e лага и поради тоа тој реши да ја напише вистината на својот блог.
- Се чувствувам лошо бидејќи луѓето веруваат во сè што ќе чујат или видат во медиумите. Гласините дека сум „полудел“ кога ме сместиле во бизнис класата се чисти глупости! Некогаш навистина не знам како да се справам со шпекулациите кои ја уништуваат мојата репутација. Сигурно секој за себе чул некоја лага. Сигурно сите знаете како се чувствувам во моментов, напиша Вест.

Проблематичниот рапер освен објаснувањето кое го пиша на својот блог, објави и дека напорно работи на новиот албум и се надева дека нема да ги изневери очекувањата на своите обожаватели.
|