Ејми повторно ќе се мажи, но овојпат во Вегас
Ејми Вајнхаус планира повторно да се омажи со поранешниот зависник Блејк Филдер Цивил во Лас Вегас. Пејачката која во последно време ја запостави својата музичка кариера за да се излечи од зависноста од дрога и алкохол, планира кратка церемонија, слична како и првата венчавка веднаш штом и биде одобрено нејзиното барање за американска виза.

Вајнхаус минатата година беше одбиена за американска виза поради поседување на марихуана и напад над официјално лице.
Нејзината прва венчавка со 27-годишниот пејач се одржа во Мајами во 2007 година, а се разведе во септември минатата година.
Контроверзната пејачка за лондонскиот таблоид The Sun изјави дека таа и Блејк никогаш не прекинале да се сакаат и откри дека конечно сака да формира фамилија со деца.
Ејми неодамна купи 2,5 милионска куќа во Камден, Северен Лондон во која планира да живее со Блејк и да започне нов живот.

- Тие дефинитивно ќе се венчаат во Вегас. Ејми сака свадба слична на првата, а тоа подразбира мала церемонија. Таа не престанува да збори за деца и фамилија и навистина ова е прв пат да ја видам да се радува дека ќе живее заедно со Блејк, изјави извор близок до пејачката.
|