
|
 |
|
|
Забава / Showbiz
|
|
Го снема телото на Џејмс Браун
Ќерката на познатиот пејач, Џејмс Браун, ЛаРонда Петит тврди дека телото на нејзиниот татко исчезнало од гробницата.
 Кралот на соул музиката беше сместен во привремена гробница во Јужна Каролина, додека се изготви јавниот мавзолеј.
Сепак, неговата нелегитимна ќерка, Петит, објави дека телото повеќе не се наоѓа во гробницата.
Таа инсистира дека истото било префрлено со цел да биде спречена да спроведе аутопсија која ќе ја утврди вистинската причина за смртта.
-Убедена сум дека неговата смрт беше сомнителна и сакам тие што се виновни да бидат изведени пред лицето на правдата. Единствениот начин за тоа е да се ексхумира неговото тело и да се изврши аутопсија, истакнува таа.
 Петит не може да разбере зошто до сега не била извршена аутопсија, со оглед на тоа дека смртта била мошне мистериозна.
Во јавноста кружат гласини според кои Браун закопал дел од своето богатство од 120 милиони фунти на неговиот имот во Јужна Каролина.
Џејмс Браун умре на 73 години од наводен срцев удар по тешка пневмонија во 2006-та година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|