Концерт на Рибља Чорба на 5-ти ноември во Скопје

Легендарниот балкански рок бенд Рибља Чорба, со нов надополнет состав, ќе одржи концерт на 5-ти Ноември во Универзална сала во Скопје.

Македонската публика ќе има можност, за прв пат, да ги слушне легендите на балканската рок музика, Рибља Чорба, во еден нов невообичаен состав. Настапот на бендот на бината ќе биде надополнет со гудачки оркестар.

Исто така, Рибља Чорба за прв пат ќе настапи во Универзалната сала во Скопје. Таа за овој настан ќе биде соодветно прилагодена, со изваден партер.

 

Организаторот најавува повеќе детали наскоро.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Ептен шофер овој
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download