Макартни и Винфри добитници на престижните награди на Центарот за уметност „Џ.Кенеди“

Познатиот член на групата „Битлси“ Пол Макартни и популарната телевизиска водителка Опра Винфри станаа добитници на престижните награди на вашингтонскиот Центар за уметности „Џон Ф. Кенеди“.

Тие заедно со другите овогодинешни добитници на награди, танчерот и кореографот Бил Џонсон, кантри пејачот Марл Хагард и автор на мјузикл на Бродвеј Џери Херман, беа примени во Белата куќа од американскиот претседател Барак Обама. 

Тој упати пофални зборови за секој од нив, а особено за Макартни. Обама се присети како познатиот музичар летоска обраќајќи и се на првата дама Мишел Обама ја испеа за време на концерт песната „Мишел“. - Јас бев трогнат, истакна Обама.

Центарот за уметности „Џон Ф. Кенеди“ доделува награди од 1978 годинa, а меѓу досегашните добитници се оперскиот тенор Пласидо Доминго, актерката Кетрин Хепберн и пејачот Боб Дилан.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Треба помош?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download