30 години од убиството на Џон Ленон

Голем број обожаватели на Џон Ленон се собраа синоќа во њујоршкиот „Централ парк“ да ја одбележат 30-годишнината од неговото убиство.

Обожавателите носеа цвеќиња, свеќи и фотографии на пејачот кои ги поставија на мозаикот испишувајќи го името на неговата позната песна „Imagine“ што се наоѓа во меморијалниот центар познат под името „Јагодови полиња“.

Паркот се наоѓа точно наспроти местото каде на 8 декември пред 30 години Ленон беше убиен од страна на Марк Дејвид Чепман.

Според анкетата на британската музичка компанија „PRS For Music“ песната „Imagine“ се смета за најголемото и најпопуларното музичко наследство кое го оставил Ленон на своите фанови. Во изминатите пет години оваа песна низ целиот свет е пуштена повеќе од 12 милиони пати.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Удри посилно
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download