И Опра се расплака пред камерите

Кралицата на толк-шоуто Опра Винфри е позната по тоа што успева во својата емисија да ги расплаче селебрити соговорниците кога зборуваат за својата интима. Сепак, Винфри го доживеа истото во своето последно интервју, се разбира во улога на гостин.

За време на телевизискиот разговор со познатата новинарка Барбара Волтерс, Опра се расплака кога беше прашана за нејзиното пријателство со Гејл Кинг. Таблоидите веќе неколку години пишуваат дека Опра и нејзината нераздвојна пријателка Гејл се всушност лезбејски пар. Винфри и Кинг во повеќе наврати ги демантираа ваквите шпекулации.

Овој пат Опра уште еднаш изјави дека приказната е чиста глупост, оти не е лезбејка и нема зошто да лаже за својата сексуалност. Опра веќе со децении е во врска со бизнисменот Стендмен Грем.

Познатата водителка се расплака кога зборуваше за блиското пријателство со Гејл и кога изговори дека таа всушност е мајката која никогаш не ја имала, сестрата која ја сите ја посакуваат, пријателка каква што секој заслужува.

Погледнете дел од интервјуто.




Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Правила се правила дечко...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download