„Социјална мрежа“ е најдобар филм во 2010 година

Здружението на филмски критичари во Лос Анџелес го прогласи филмот „Социјална мрежа“ за најдобро остварување во 2010 година.

Дејвид Финчер, режисер на филмот што зборува за настанокот на најпознатата социјална мрежа „Facebook“, наградата за најдобра режија ја сподели со Оливије Асајас, чиј филм „Карлос“ е прогласен за најдобар филм на странски јазик.

„Социјална мрежа“ доби и награда за најдобро сценарио, што на свеченото доделување на наградите, на 15 јануари во Лос Анџелес, ќе му биде врачена на сценаристот Арон Соркин.

Епитетот најдобар глумец ја понесе Колин Фирт за улогата на британскиот крај Џорџ VI во филмот „Кралев говор“, а најдобра глумица е Ким Хјеја за улогата во јужнокорејската драма „Мајка“.

Кристофер Нолан, режисер на филмот „Почеток“ е прогласен за режисер на годината, додека Мајкл Кејн е крунисан со наградата „Легенда на сите времиња“.

Најдобар анимиран филм на годината е „Приказна за играчките 3“, пренесе Би-Би-Си.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Удри посилно
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download