Не веруваат сите дека Фенг Шуи може да им го подобри сексуалниот живот. Нo, доколку во последно време сексот не е баш најдобар можеби треба да ги примените следните совети, немате што да изгубите.
Пред се, треба да откриете во која насока ви гледа спалната соба. Спалната треба да биде свртена кон југоисточен агол. Фенг Шуи и Кинеската филозофија се базираат на скротување на природните сили за да се постигне благосостојба, просперитет и хармонија. Фенг Шуи ја искористува идејата дека распоредот на вашиот стан може да ја креира или да ви ја уништи среќата. Ако планирате да направите Фенг Шуи третман на спалната соба пред се ви треба компас. Компасот ќе ви овозможи да ја одредите географската страна на собата. Секоја насока означува конкретна област во вашиот живот. Значи, ако планирате да го зголемите коефициентот на среќа, спалната треба да ви гледа на југоисток. Обезбедете аромотерапевтско масло кое мириса на ванила и поставете го токму во југоисточниот агол на вашата соба, така ќе ја засилите сексуалната енергија.
Отстранете ги сите огледала во спалната, тие ја зголемуваат веројатноста партнерот да ви биде неверен. Ако морате да имате огледало во собата тогаш не дозволувајте креветот да се рефлектира во него.
Избегнувајте телевизор, компјутерски монитор или справа за вежбање во спалната. Првите две испуштаат негативна енергија. А справата ве оддалечува од примарната цел на оваа соба – уживање и задоволство.
Еден сет од нежни, магични светла ќе ги стимулираат сетилата на привлечност и позитивна енергија. Обојте ја вашата спална со жолти нијанси, оваа боја означува партнерство. За да си ја осигурите среќата и добрата комуникација во врската, ставете 2 розови свеќи во стаклени свеќници на двете страни од креветот.
За да имате соодветно течење на страста, поставете завеси пред вратата од вашата спална – тоа ќе ја охрабри енергијата и ќе ја одбие неверноста.
Никогаш креветот не треба да гледа кон вратата. Ова може да го погоди здравјето на вашиот партнер. Креветот треба да има и соодветни потпирачи, а просторот под креветот не смее да служи како остава – тоа предизвикува емоционален багаж. Главата секогаш треба да гледа кон север и не смее да биде под прозор.
Оваа соба треба да биде најоддалечена од надворешната врата. Стапалата не смеат да ви гледаат кон вратата, така ќе станувате уморни и никогаш нема да имате доволно енергија за ништо.
Сите уметнички дела во спалната мора да делуваат смирувачки и спокојно. Не ги ставајте вашите омилени сликари во оваа соба доколку нивната уметност не ви предизвикува смирено чувство.
{И.Ј}