Забава / Занимливости
Изложба на суперхерои
Музејот Metropolitan ќе претстави нова изложба под наслов: “Суперхерои: Мода и Фантазија“.
Шоуто ќе има три типа на костими за презентација.
Прво се оригиналните костими на суперхероите, користени при снимањето на филмовите (Superman, Spider-Man, Batman, Iron Man, Catwoman и Mystique).
 
Вторите костими се од истите ликови но со модификации од познати креатори како Версаче, Армани, Долче & Габана и Џон Галиано.
На крај, модераторите додадоа и спортска облека која е инспирирана од суперхероите како што се пливачкиот костим на Speedo - Fastskin LZR и Spider-Man скијачкиот костим.
Музејот ќе ги изложи овие експонати во периодот од 7 Мај до 1 Септември.


(Б.Т)
|