сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Забава / Занимливости

10 милиони долари за регистерски таблички

Аукција за 57 специјални автомобилски регистерски таблички инкасираше околу 9,8 милиони долари, меѓу кои двоцифрената табличка "50 Г" се продаде за 926 илјади долари, објави новинската агенција "ВАМ".

Повеќе од 300 наддавачи учествуваа на аукцијата што ја организираше Управата за патишта и транспорт на Дубаи и каде што имаше жестоко наддавање за неколкуте двоцифрени таблички.

Регистерската табличка "23 Г" ја достигна втората највисока цена од 795.600 долари, а табличката "32 Г" се продаде за 681 илјади долари.

Троцифрената табличка "700 Ф" се продаде за 354 илјади долари, а четирицифрената табличка "8000 Г" отиде за 188 илјади долари.

Аукциите за регистарски таблички се тренд во Обединетите Арапски Емирати каде што аукциските куќи инкасираат неколку милиони долари.

Во февруари, еден богат Емират платил рекордни 14,2 милиони долари за регистерската табличка "1" од Абу Даби. Во мај минатата година, друг дал повеќе од пет милиони долари за табличката со бројка "5".

Земјите во Персискиот Залив кои произведуваат нафта како ОАЕ од неодамна доживуваат економски развој поради рекордно високите цени на нафтата.


Наjновo од Забава
Северина конечно невеста
Скараџијата ZORO
Ме запроси на врвот на светот
Том Круз во „Невозможна мисија 4“
Продолжив да пеам заради мајка ми
Вајнтхаус со уште еден рекорд
Лив Тајлер се разведува
Славните и сексот
Мост за луѓе со јако срце
Највисока Лего кула во светот
Банкнота од 250 милиони долари
Луксузна мобилна куќа
XSR48 Суперглисер
Каков парфем, купете и Шанел ракетен фрлач
10 милиони долари за регистерски таблички
Изложба на суперхерои
Видео клип
Барбика
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
South East European University
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи