Забава / Занимливости
XSR48 Суперглисер

“XSR48 е ознаката на првата суперкола на вода - “ – изјавил креатор на овој луксузен глисер. 16 метарскиот глисер има во себе два дизел мотори со вкупно 2.000кс кој можат да го придвижат XSR48 над водата со брзина од 158мк/ч. Трупот е направен од комбинација на кевлар и карбонски влакна кој е проткаен со ПВЦ материјал. 
Надворешниот како и внатрешниот дизајн привлекуваат огромно влијание со својот футуристички изглед. Како избор во спалната соба се понудени еден брачен 2-метарски кревет или два поединечни со иста големина, а за останатите елементи производителот е спремен да ги направи по ваша желба за определена цена. 
Атмосферско осветлување и медиа центарот, кој вклучува 4 екрани со 12-инчи, заедно со фрижидерот и микробрановата печка ќе направат да се почуствувате како во софистициран дом. Само 100 глисери ќе бидат произведени кој ќе се продаваат по почетна цена од 1,56 милиони евра. 

(Б.Т)
|