Забава / Занимливости
Каков парфем, купете и Шанел ракетен фрлач

Питер Гронквист, очигледно немал попаметна работа па собрал стари пушки, митралези, моторни пили и артилериски школки и решил од нив да направи урбана, воена, модна колекција со ознаките на Луис Витон, Шанел, Гучи, Фенди, Прада итн. Познатите модни брендови дефинитивно нема да ви асоцираат на ракетен лансер или електрична столица. 
Сите негови креации се изложени во “Gallery 1988“ во Лос Анџелес и се продаваат по цена од 300 долари до неколку илјади. Се надеваме дека познатите брендови нема да го тужат Питер за фалсификување и превземање на името и логоата. 
(Б.Т)
|