Забава / Занимливости
Часовник од два милиони долари
Часовник хронограф што му припаѓал на еден италијански рели возач достигна цена од 2.345 милиони швајцарски франци (2,25 милиони долари) на аукција на "Сотби".
Големиот златен часовник "патек филип" што му припаѓал на грофот Карло Феличе Тоси, претседател на "Скидерија Ферари", се продаде за рекордна цена за рачен часовник во "Сотби".

Аукциската куќа пред продажбата што се одржа во неделата вечер во Женева, соопшти дека часовникот познат како "троси легенда" е уникатен и би можел да достигне цена од 2 милиони швајцарски франци. Тој беше главен експонат меѓу речиси 200 часовници.
Троси бил рели тркач, пилот и тркач со глисери кој победил на Италијанското гран при во 1947 година.
"Ова е часовник од големо симболично и историско значење зашто е произведен во 1932 година, пресвртна точка за авто трките и време кога се појавија авионите", изјави Џијафрој Адер, шеф за часовници во Женева.
"Комбинацијата на 'Патек Филип' и 'Ферари' го прават исклучителен часовник", изјави тој мислејќи на швајцарскиот производител на часовници и италијанскиот производител на луксузни автомобили.
Еден златен "ролекс" од 1980 година познат како "ојстер дејтона пол њумен" по името на автотрките во Флорида и американскиот актер кој го прослави овој стил, се продаде за 149 илјади франци, далеку над претпродажната проценка од 47 до 76 илјади долари.
"Луѓето кои може да купуваат вакви часовници, трагаат по совршен часовник. Откако ќе го најдат, ќе се наддаваат за него до крај", изјави Адер пред продажбата.
|